Клуб за Применето Аикидо

Ирими Наге

За клубот:


Клубот за Применето Аикидо "Ирими-Наге" од Скопје е формиран на 25-05-2000 год. во Скопје од група поранешни членови на аикидо клубот "МАРУИ" и од група љубители на овој спорт. Основачкото Собрание на "Ирими-Наге" се одржа во просториите на Д.Р.Г. "ПАРТИЗАН-ЧАИР".


Клубот со работа започна на 03-10-2000 год. во просториите на Д.Р.Г. "ПАРТИЗАН-ЧАИР" со специјализирана обука наменета за припадниците на македонските специјални воени сили "ВОЛЦИ". На оваа тримесечна обука присуствуваа индивидуално 10 припадници на овие воени сили, кои постигнаа завидно знаење од овој тип специјализирана обука за блиска борба.


Од 25-10-2000 год. клубот почна да работи за спортисти и љубители на овој спорт во просториите на Карате клубот "РАБОТНИЧКИ" во Капиштец, двапати неделно со термини секоја Среда и Петок од 19:00 до 20:30 часот. Бидејќи оваа вештина е прилагодлива за секоја возраст и пол, така во клубот покрај припадниците на посилниот пол, активно вежбаат и припадничките на понежниот пол како и дечиња.




Тренинзите ги води Марјан Трајковски - аикидо мајстор 4-ти дан со својот асистент Немања Стојановиќ аикидо мајстор 3-ти дан. Со одлука на "Ирими-Наге" од 25-08-2000 год. за почесен член, а истовремено и за претставник на клубот во странство, едногласно беше прифатен господинот Јан Рела, заменик амбасадор на OBSE за Црна Гора. Од 17-08-2000 год. "Ирими-Наге" од Скопје станува член на Аикидо Сојузот на Македонија.


Во своето 16 годишно постоење клубот постигнал завидни резултати. Мајсторот Марјан Трајковски во текот на својата 16 годишна тренерска кариера создал 23 аикидо-мајстори кои денес формираат свои клубови се со цел да се шири аикидото во Македонија. На ден 01.09.2016 година клубот по Реален Аикидо ја напушта Македонската ферерација по Реален Аикидо и се приклучува кон стилот Применето Аикидо кој го формира мајстор Радојица Спасовиќ 9 дан






Мајстори кои произлегле од КПА "Ирими-Наге" се:


1.Немања Стојановиќ

2.Јордан Христовски

3.Влатко Мишов

4.Јордан Георгиев

5.Зоран Зафировски

6.Николчо Гоцев

7.Михајло Котевски

8.Бранко Стојковски-Ѕверот

9.Даниел Стојковиќ

10.Мартин Стојановски

11.Никола Конески

12.Мартин Цветковски

13.Вук Ѓорѓевски

14.Дарко Нушев

15.Роберт Спасовски

16.Иван Шушлевски

17.Миодраг Лекиќ

18.Зорица Карапанчева

19.Тијана Јанковска

20.Димитар Карапанчев

21.Божидар Трајковски

22.Мимоза Шопкоска

23.Матеј Папазов