Клуб за Применето Аикидо

Ирими Наге

МАРЈАН ТРАЈКОВСКИ - мајстор по применето аикидо 4-ти дан


Основач на КПА “Ирими-Наге” и негов главен тренер е Марјан Трајковски, мајстор по применето аикидо 4-ти дан. Роден е на 06.11.1965 година во Скопје. Завршил Филозофско-Историски факултет во Скопје и работи како професор по историја во СУГС Владо Тасевски - Скопје. Со боречки вештини се запознава преку каратето во далечната 1977 година. Во 1986 година добива кафеав појас и престанува да се натпреварува. Учествувал на младински карате натревар на сојузно ниво во тогашна СФРЈ во 1986 во Пеќ (Србија) каде карате клубот “Цветан Димов” како претставник од Македонија во исклучително силна Југословенска клубска конкуренција извојувал 3 место, после “Партизан” од Белград и “Партизан” од ПЕЌ кои освојуваат прво, односно второ место.


Во февруари 1996 година во Скопје се отвара првиот аикидо клуб “Маруи” под водство на мајсторите Влатко Пиштолов и Дејан Чавковски. На 08.03.1996 Марјан Трајковски станува активен член на клубот каде тренира интезивно. Во мај 2000 добива кафеав појас и поради недостиг на клубови и мајстори , а по барање на Македонската федерација за реален аикидо го отвара вториот клуб за реален аикидо во Скопје “Ирими-Наге”. Во мај 2001 год. Добива први дан од мајсторот Ѓуро Илиќ кој во тоа време е претседател на светскиот центар за реален аикидо за доделување на појаси. Во април 2004 година полага за втори дан пред мајстор Љубомир Врачаревиќ и мајстор Радоjица Спасовиќ. Во ноември 2006 година во Битола по повод 10 години од постоење на Македонската федерација за Реален Аикидо, полага пред мајстор Љуба Врачаревиќ и мајсторите Радоица Спасовиќ 8 дан и Драган Јагодиќ 4 дан за 3 дан каде што по успешна презентација положува. Учествува на покана на мајстор Љуба Врачаревиќ -10 дан на “Ноќ на борилачките вештини” во Београд во април 2003 година. Истата година на лична покана и барање од страна на мајстор Љуба Врачаревиќ, оди како еден од најдобрите македонски мајстори и тренери, заедно со други светски мајстори на Света Гора во посета на српскиот манастир “Хиландар”. Учествува заедно со своите асистенти на европскиот шампионат во традиционално карате во јуни 2004 година. По покана на претседателот на Македонското Традиционално Карате, мајстор Венцислав Недев, на 25-тото Европско првенство во традиционално карате пред 1000 гледачи и карате учесници од 26 европски земји мајстор Марјан Трајковски за прв пат јавно го презентира стилот реален аикидо. Поради исклучително добрата презентација честитки и пофалби КРА ”Ирими-Наге” добива од многу земји членки на овој карате шампионат. Заедно со својот прв асистент Немања Стојановиќ 2-дан, целиот клуб се подготвува за одржување на големиот меѓународен семинар и свечената манифестација по повод 10 годишнината од постоењето на КРА „ИРИМИ НАГЕ„ предстојната манифестација која ќе се одржи на 15 октомври 2010 година во спортската сала „РАСАДНИК„ - Кисела Вода, Скопје.На 13.02.2011 година во Битола пред основачот на стилот Љубомир Врачаревиќ мајстор црн појас 10-ти ДАН,пред Радојица Спасоевиќ мајстор црн појас 8-ми ДАН и пред Јагодиц Драган мајстор црн појас 4-ти ДАН успешно положува за мајстор по реален аикидо црн појас 4-ти ДАН. На ден 01.09.2016 година Мајсторот Марјан Трајковски а со него и клубот по Реален Аикидо ја напушта Македонската ферерација по Реален Аикидо и се приклучува кон стилот Применето Аикидо кој го формира мајстор Радојица Спасовиќ 9 дан