Клуб за Применето Аикидо

Ирими Наге

СЛАВА НА КЛУБОТ




Рождество на Свети Јован Крстител

(24 јуни / 7 јули)




Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гаврил, се јави на првосвештеникот Захарија во храмот Ерусалимски. Пред да го објави чудесното зачнување на девицата Марија, архангелот го објави чудесното зачнување на бездетната старица Елисавета. Захарија не им поверува веднаш на зборовите на гласникот Божји, та затоа остана нем се до осмиот ден по раѓањето Јованово. Во тој ден се собраа роднините на Захарија И Елисавета заради обрезувањето на младенецот. Кога го прашаа таткото, какво име би сакал да му даде на синот, тој бидејки нем, напиша: Јован. И во тој миг почна да зборува. Домот на Захарија се наоѓаше помеѓу Витлеем И Хеврон. По сиот Израил се беше слушнало за појавата на ангелот Божји, за одземањето на гласот на Захарија И враќањето во мигот кога го напиша името Јован, а гласот за тоа допре И до Ирода. Затоа ирод, кога прати војска да се убијат децата по Витлеем, прати луѓе И во домот на Захарија, да го убијат И Јована. Но, Елисавета навреме го сокри детето. Ирод разлутен, прати луѓе И во храмот на Захарија, та И него да го убијат. Така, во близина на храмот Захарија беше убиен, а неговата крв се скамени на плочките И остана сведок против Ирода. Елисавета пак, се сокри со детето во некоја пештера, каде што наскоро И самата почина. Младенецот Јован остана сам во пустината под закрила на Бога И ангелите Божји.





Тропар:


Пророче И претечо на Христовото доаѓање, ние, што со љубов те почитуваме, не знаеме како подостојно да те прославиме. Со твоето славно И чесно раѓање се разрешИ неплодноста на родилката И безгласноста на татко ти, а на светот му се проповеда воплотувањето на Синот Божји.






Во светлото на овој настан и во слава на Бога и Св. Јован Крстител, како и со благослов на о.Партениј - игумен на светата обител на Бигорскиот Манастир - од 07.07.2009 година клубот за Применето Аикидо "Ирими наге" почна да го слави денот на Рождество на Свети Јован Крстител, со што стана прв клуб во Македонија кој со славење "Слава" му оддава слава на Бога, ставајќи го своето залагање под Негова заштита и благослов.


На славата на клубот присуствуваа голем број на членови на клубот, како и неговите симпатизери. Овој свечен настан го удостоија со своето присуство најдобрите мајсотри на Светскиот Центар за Реален Акидо од Белград, мајсторите Радоица Спасовиќ - 8 дан и Драган Јагодиќ - 4 дан како и Цветко Ериќ од Нови Сад.