Клуб за Применето Аикидо

Ирими Наге

П Р О Г Р А М А


Програма за работа на клубот за Применето Аикидо "Ирими-Наге" - Скопје




Програмата на клубот е изработена врз општите методи на работата на Светскиот центар за Применето Аикидо. Таа врши систематско подготвување на членството за специјален вид на самоодбрана.


Два пати годишно се вршат полагања за појаси, со што се утврдува степенот на знаењето на членството стекнато во текот на тренажниот период.


Три пати во годината клубот организира мини семинари на кои присуствува основачот на Применето Аикидо г-дин Радоица Спасовиќ аикидо мајстор 9-ти дан. По посебна програма се тренираат деца од 5 до 8 годишна возраст, која е прилагодлива според нивниот психофизички развој.




Аикидо елементи кои ќе се изучуваат во програмата:




изучување на сите видови движења и паѓања

одбрани со прва контрола-икјо

одбрани со втора контрола-никјо

борба со повеќе противници-џиу ваза

одбрана од карате удари

изучување на одбрана од сите видови напади со нож и пиштол

изучување на одбрани при напади од зад грб





Степени на знаење(појаси):




ЖОЛТ ПОЈАС - 5 КЈУ


ЦРВЕН ПОЈАС - 4 КЈУ


ЗЕЛЕН ПОЈАС - 3 КЈУ


СИН ПОЈАС - 2 КЈУ


КАФЕАВ ПОЈАС - 1 КЈУ


ЦРН ПОЈАС


Подготвил: Марјан Трајковски аикидо мајстор 4-ти дан